Псоријазата спаѓа во наследни болести. Ризикот на развивање во детска возраст е околу 8-30% кога едниот родител има псоријаза, додека доколку двајцата родители заболуваат, можноста за добивање е до 75%.

Првите манифестации се почести по тинејџерските години. Пред 16-годишна возраст започнува во 25-45% од случаевите, додека кај 10% започнува пред 10-годишна возраст а кај 2% пред 2 години. Конгениталната псоријаза е многу ретка.

Кај мали деца,псоријазата обично започнува по некоја инфекција, најчесто предизвикана од стрептокока (ангина) Затоа понекогаш се меша со одговорот на антибиотиците за третирање на инфекцијата. Псоријазата е осип во форма на црвенила на површината на кожата.

Некои совети за родители на дечиња со псоријаза

Бањање: Заборавете го класичниот сапун, користете чиста вода или млаки гелови за бањање на природна база. Замивајте ја нежно кожата, без триење.

Хидрација: На кожата исто така и е потребно навлажнување во облик на крема или маст. Консултирајте се со доктор за соодветен производ за нега на кожата.

Смиреност: Состојбата на псоријатичната кожа се менува во зависност од психолошката состојба. Во зима, кога овие проблеми се појачуваат, забавете и посветете се на посмирувачки активности.

Облекување: Синтетичките влакна немаат место во ормарот на лицата со псоријаза. Заменете ги со памук, бамбус или коноп.

Природни производи за намалување на симптомите на псоријаза кај деца:

На кожата погодена од псоријаза и е потребна секојдневна нега. Одредени креми и емулзии дизајнирани за млади дечиња делуваат благодарение на своите природни состојки, кои, за разлика од кортикостероидите, се безбедни за долготрајна употреба.

Третирањето на кожата со конвеционална козметика може да предизвика несакани ефекти, особено на чувствителната детска кожа. Природните креми ја негуваат нежната детска кожа и помагаат да се намали чешањето и иритацијата. Затоа, потрагата по погодна крема или маст претставува постојан предизвик за лицата кои живеат со псоријаза.

Ако барате природна козметика за нега на кожата со псоријаза, можете да ги разгледате нашите природни производи кои можат да се користат за подобра нега и олеснување од иритации.

Atopicann крема од коноп е специјално создадена за секојдневно олеснување на симптомите на екстремно сува кожа, која има карактеристики на атопична и псоријатична кожа. Природната формула комбинира состојки како цинк, колоидно сребро, морска сол и тресет, кои заедно со маслото од коноп и овозможуваат на кожата подобро навлажнување и смирувачко дејство.

Balcann маст од коноп е одлична за дневно навлажнување на кожата. Оваа 100% природна маст е погодна за локална употреба, ги обновува местата интензивно и носи олеснение од непријатните чувства на тензија и чешање. Ја остава кожата смирена, нежна и длабоко навлажнета. Се нанесува лесно и помага за брзо обновување на заштитниот слој на кожата, кој ја штити кожата од несакано сушење.